Европски денови на културното наследство „Културното наследство и училиштата“

од admin_kult

Во периодот од 1 до 7 октомври ќе се одржи централното одбележување на Еврпските денови на културното наследство, коишто во нашата земја годинава се фокусирани на темата „Културното наследство и училиштата“. Во тие рамки, повеќе музеи и други институции што делуваат на полето на културното наследство најавија организирање на настани со физичко присуство на посетители, со почитување на протоколите за заштита од корона-вирусот.

Во организација на Националната галерија на Република Северна Македонија веќе се одржаа две креативни работилници насловени „Детски фасцинации 20“, инспирирани од изложбата „Пејсажни фасцинации 20“ на уметникот Атанас Атанасоски. Музејот Куманово организира посета на локалитетот Камени кукли во с. Куклица и едукативна работилница насловена ”Легенди и преданија во современото живеење“. Во согласност со темата, Музејот Демир Капија ќе ја реалзира креативната работилница „Традиција, сегашност, иднина“, со ученици од локалното основно училиште.

Во Музеј и галерија Кавадарци, на 2 октомври во 12 часот, ќе биде отворена изложбата „Културното наследство на Кавадаречко“. Најмалиот етнолошки музеј во светот од с. Џепчиште, Тетово, се вклучува во манифестацијата со поставување на изложбата „Верски реликвии и стари дипломи на заборавени занаети“ и со организирање на Дебата околу издавањето на книгата „Македонски етнолошки буквар“ на 3 октомври.

На 6 октомври, Музејот на град Неготино ќе ја отвори меѓународната изложба на ликовни дела на Александра Кокотовиќ од Сараево, Босна и Херцеговина. Изложбата насловена „Уметноста како катализатор за социјални промени“ ќе биде поставена на отворен простор, во Лапидариумот пред музејот. Истиот ден, со почеток во 13 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде промовирана илустрираната публикација за деца „Музејска сликовница“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе