Дует Лесаж“ ќе настапи на фестивалот „Скупи камерфест“

од admin_kult

Францускиот „Дует Лесаж“ (Duo Lesage), составен од Селин Лесаж на виолина и Ерик Лесаж на пијано, вечер во салата на Музејот на македонската борба ќе одржи концерт во рамките на фестивалот „Скупи камерфест“, организиран од здружението „Муза“ – Скопје.

„Дует Лесаж“ е еден од најомилените дуети во регионот Окситанија, а неговите членови, виртуозите на виолина и пијано, се партнери во животот и на сцената од 1998 година. Исполнуваат од уметничка до популарна музика, од класична до модерна музика.

На програмата на вечерашниот концерт се дела од творештвото на композиторите: Jenö Hubay, Cèsar Franck, Fritz Kreisler и Oreste De Maurizi.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе