Државниот секретар Азири присуствуваше на концертот на Ермонела Јахо

од admin_kult

Државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, вчера (22 мај) присуствуваше на концертот на една од најпознатите албански сопранистки во светот, Ермонела Јахо.

Во рамките на 10-тото издание на Сериозната албанска музичка сцена, во салата на Филхармонијата во Скопје се одржа долгоочекуваниот концерт, кој со воодушевување беше проследен од публиката.

Сопранистката Јахо, со својата одлична изведба и исклучителни вокални способности, беше поздравена со громогласен аплауз.

Одличен прием кај публиката имаше и настапот на талентираната сопранистка Бесарта Муртезани, која заедно со Јахо изведе фрагменти од операта  „Во времето на истиот бес“ од Ческ Задеј и „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини.

Специјален гостин на овој концерт беше Пантисилена Јахо на пијано, а на програмата беа популарни дела на светски познати композитори, како: Пучини, Белини, Верди, Гуно, Масене и други.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе