Државен Секретар

од admin_kult
државен секретар во Министерството за култура

Валмир Азири

(државен секретар во Министерството за култура на Република Северна Македонија)

Роден е во 1977 година во Тетово. Дипломирал на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, на отсекот графички дизајн. Долго време бил член на Здружението на ликовни уметници, има реализирано самостојни изложби а учествувал и на многу групни изложби и ликовни колонии.
Досегашни поважни активности, дела и функции:
2005 г. е нaзначен за портпарол на Општина Тетово
2008 г. е именуван за директор на Уметничката галерија Тетово
2008 г . автор на самостојната изложба „Рефлексија”
2011 г. е назначен за директор на Театарот во Тетово
2016 г. самостојна изложба „Во почетокот беше зборот”

2021 г. самостојна изложба „Дигитализирани духовни вибрации“

2021 г. – самостојна изложба „По трагите на татковината“

Активно ги користи албанскиот, македонскиот и англискиот јазик.

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе