Драмскиот театар од Скопје во февруари почнува со пробите за новата претстава „Моето име е Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ и драматизација на Бранислава Илиќ. Премиерата е закажана за 26 март годинава.
Стефановски беше познат македонски драматург кој почина во 2018 година на 66-годишна возраст. Тој беше еден од најплодните и најпознати драмски автори не само во Македонија туку и пошироко во регинот, а неговите драмски текстови се играат на сцени и низ Европа.
Инаку, новата сезона во Драмскиот театар – Скопје почнува на 20 јануари со претставата „Диши“ од Дилан Мекмилан, во режија на Димче Николовски. Предвидено е да се одиграат осум претстави до крајот на јануари.