Драмскиот театар од Скопје, со претставата „Диши“, денеска гостува во Приштина. На 7. Интернационален театарски фестивал „Приштина 2023“, што се одржува од 22 до 28 мај, освен актерите од Драмски, учествуваат ансамбли од театри од Шпанија, Турција, Хрватска, Албанија и од Косово.
Текстот „Диши“ (Бели дробови) е на Данкан Макмилан. Режисер на претставата е Димче Николовски, а драматург е Александра Бошковска. Преводот го направи Благоја Бошковски-Буцко. Сценографијата е на Илија Николовски, а костимограф е Раде Василев. Улогите во претставата ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.