Дебата за преводот во рамките на Меѓународниот фестивал „Денови на прозата“

од admin_kult

Во НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово денеска, 26 мај, со почетокот во 17 часот, ќе се одржи дебата за преводот на која ќе учествуваат двајца писатели и нивните преведувачи: бугарската писателка Елена Алексиева и нејзината преведувачка на македонски јазик, Катица Гаровска, и македонскиот писател Петар Андоновски и неговиот преведувач на словенечки јазик, Сашо Пуљаревиќ. Разговорот е во рамките на Меѓународниот фестивал „Денови на прозата“, кој на 25 и 26 мај се одржува во Куманово. Разговорот ќе го води  Владимир Јанковски.

Во рамките на настанот, писателите и нивните преведувачи ќе ги споделат своите перспективи за уметноста на преводот, за преведувањето дела од блиски културни контексти, а ќе ги споделат и своите искуства за преводот на конкретните прозни дела на кои работеле: „Прекинувањето на Самсара“ од Елена Алексиева и „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски.

Учеството на преведувачот Сашо Пуљаревиќ на Фестивалот е во рамките на неговиот резиденцијален престој во Скопје, во текот на кој работи на преводот на словенечки јазик на романот „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски. Резиденцијалниот престој на Сашо Пуљаревиќ е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе