Познатиот македонски пијанист Дино Имери денеска, среда (17 мaj), со почеток во 20 часот, во големата сала на Филхармонијата, ќе одржи концерт инспириран од шпанската, но и светска класична музичка традиција.
Во рамките на програмата ќе бидат интерпретирани дела од Мануел де Фаља, Фредерико Момпу, Морис Равел, како и делата „Кармен“ и „Шпански валцер“ од Жорж Бизе, во аранжмани на Владимир Хоровиц и Аркадиј Володос.
Имери е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал на престижните сцени низ светот како гостин на врвни оркестри, како рецитален уметник и како камерен музичар.