„Дигитализација и архивирање на партитурите од творештвото на композиторот Љубомир Бранѓолица“ е насловот на проектот што содржи 153 дела со сериозна музика и претставува само дел од творештвото на еден од најплодните македонски композитори. Автор на проектот со кој ќе бидат дигитализирани и другите дела од Љубомир Бранѓолица е Андреј Блажевски.
Дигитализираниот материјал е даден на Сојузот на композиторите на Македонија, на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и на Архивот на МАНУ. Поголем дел од творештвото ќе биде прикачено онлајн и може да се најде на интернет-платформата ИССУУ (ISSUU) или директно на следниов линк: (https://issuu.com/andrejblazevski1).
Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година.