Детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“

од admin_kult

Во просториите на МКЦ во Скопје од денеска до 8 јуни ќе се одржи 9. издание на Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“.

Во рамките на Фестивалот децата ќе имаат можност да гледаат меѓународни претстави со сенки.   Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на креативниот сет „Театарче за игра со сенки“, а веднаш потоа на сцената „Фросина“ ќе се претстави театарот од Италија „Unterwasser“ со претставата „Лавиринт”.

На 7 јуни ќе се одржи работилницата „Заробени реки“ под водство на Доротеј Нешовски, а потоа следува гостувањето на театарот „Le Studio“ од Србија, со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”. Денот ќе биде заокружен со изведбата на ликвид-перформансот „Флудо” на Театарот „Сенки и облаци”, на плато пред МКЦ.

Последната фестивалска вечер ќе почне со работилницата „Караѓоз-мајсторот“ Џемал Фатих Полат од Турција, на која децата ќе имаат можност да ги применат традиционалните техники за изработка на Караѓоз-кукли за сенки стари над 650 години. Фестивалската вечер ќе биде заокружена со премиерната изведба на претставата „Колку е часот“ на Театарот „Сенки и облаци“.

Организатор на Фестивалот е Театарот „Сенки и облаци“, со поддршка од Министерството за култура, Град Скопје, МКЦ, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, Амбасадата на Италија во Скопје, Српскиот културно-информативен ценатр „СПОНА“ и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје. Учеството на работилниците е бесплатно.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе