Денови на македонска музика 2023 – Омаж на Љубомир Бранѓолица

од admin_kult

Денеска во Филхармонијата со почеток во 19:00 часот ќе се одржи последниот концерт на фестивалот „Денови на македонска музика 2023“. Концертот ќе биде посветен на делото и творештвото на композиторот Љубомир Бранѓолица.

На концертниот омаж, публиката ќе има можност да чуе дела од опусот за гудачки оркестар во изведба на солистите Татјана Петрушевска (обоа), Здравко Ангелов (кларинет), Марјан Милошевски (фагот) и Мартин Димитров (виолина), кои ќе настапат заедно со гудачкиот оркестар „Ајга“ под диригентската палка од маестро Борјан Цанев.

Концертот е во организација на СОКОМ, Претседателот на РС Македонија и Филхармонијата, а со поддршка од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе