На сцената на Народниот театар Битола утре (26 јануари, петок) во 20:00 ч. премиерно ќе биде изведена претставата „Вујко Вања“ од А. П. Чехов, во режија на Софија Ристевска Петрушева.
Во претставата играат Петар Горко, Александар Димитровски, Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска-Драгановска, Марија Стефановска, Никола Пројчевски и Валентин Дамчевски. Драматург е Билјана Крајчевска, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите се на Андреј Ѓорѓиевски-Папаз, композитор е Александар Талевски, а кореограф Кире Миладиноски.
Првата реприза на претставата е на 27 јануари, сабота, во 20:00 часот.