Во тек се Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес за 2023 година

од admin_kult

Во овие видеа објаснуваме како да побарате помош на националниот портал за е-услуги каде што е во тек аплицирањето за Годишните конкурси за 2023 година.

Видеата се за помош при регистрација и за помош при користење на порталот.

Право на аплицирање за физички и за правни лица по области

Правните лица, со исклучок на локалните установи, може да конкурираат во најмногу 2 (две) области со најмногу 2 (два) проекта во секоја област, односно едно правно лице може да поднесе вкупно 4 (четири) проекти.

Физичките лица може да конкурираат во најмногу 2 (две) области со 1 (еден) проект во секоја област, односно едно физичко лице може да поднесе вкупно 2 (два) проекта.

Во областа на литературата и издавачката дејност правните лица може да конкурираат со најмногу 10 (десет) проекти, а физичките лица со 1 (еден) проект.

Забелешка: Електронската идентификација на системот е-услуги за правни лица се врши од страна на авторизираното лице, односно управителот. По најавата во системот е-услуги, потребно е корисникот, меѓу опциите физичко лице и правно лице,  да избере правно лице.

Годишни конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе