Во рамките на Меѓусекторската програмска линија на програмата „Креативна Европа“ се отворени следниве повици во областа на медиумите за 2024 година

од admin_kult
  • Повик за новинарски партнерства – соработка, со краен рок за поднесување на предлог-проектите до 14 февруари 2024 година (17:00 часот по средноевропско време)

Линк до повикот:

  • Повик за новинарски партнерства – плурализам, со краен рок за поднесување на предлог-проектите до 14 февруари 2024 година (17:00 часот по средноевропско време)
  • Повик за поддршка на медиумската писменост, со краен рок за поднесување на предлог-проектите до 7 март 2024 година (17:00 часот по средноевропско време)
  • Повик за новинарски партнерства – соработка (CREA-CROSS-2024-JOURPART-COLLABORATIONS)

Во рамките на „Меѓусекторската програмска линија“ на програмата „Креативна Европа 2021 – 2024“, Европската комисија го објави „Повикот за новинарски партнерства – соработка“ за 2024 година, со краен рок за поднесување на предлог-проектите до 14 февруари 2024 година (17:00 часот по средноевропско време).

Поддршката на Европската Унија се однесува на прекугранична соработка на организациите од медиумскиот сектор со цел да се придонесе во развојот на иновативни бизнис-модели во релевантната област  и/или развојот на новинарски проекти низ Европа.

Европските информативни медиумски сектори се соочуваат со повеќе предизвици. Финансиската одржливост на професионалното новинарство денес е под притисок на дигиталните промени. Овој повик, преку кој се охрабрува прекуграничната соработка, има цел да им помогне на европските медиуми во насока на јакнење на нивната одржливост и отпорност.

Транснационалните конзорциуми (кои во рамките на предлог-проектите треба да бидат составени од организациите од медиумскиот сектор) се повикани да ја поттикнат медиумската трансформација, односно да ја развиваат вистинитоста во известувањето и да го поддржат развојот на вештините за професионалците во оваа област, да  развиваат стандарди за медиумска продукција, нови деловни модели, видови редакции и новинарски формати, да споделуваат добри практики итн.

Буџетот на Европската Унија наменет за повикот изнесува 6 милиони евра, при што секој проект може да добие најмногу до 2 милиона евра. Максималната стапка на кофинансирање на Европската Унија изнесува 80 % од вкупниот квалификуван буџет на проектот, односно учесниците во проектот треба заедно да ги обезбедат преостанатите 20 % од вкупниот буџет на проектот од други извори. 

Состав на конзорциумите  

Конзорциумите може да се составени од: непрофитни, јавни и приватни медиуми (вклучувајќи пишан/онлајн печат, радио/поткасти, ТВ итн.), како и од други организации кои во своето дејствување третираат области и прашања поврзани со медиумите, како што се: здруженијата за медиуми/новинари, невладини организации, новинарски фондови и организации кои се занимаваат со обучување професионалци од релевантните области и сл.

Физичките лица НЕ се квалификувани да бидат дел од конзорциумите (со исклучок на самовработените лица, односно трговците поединци, каде што во организацијата/компанијата правниот субјект не е одделен од правниот ентитет на физичкото лице).  

Конзорциумите треба да бидат составени од најмалку 3 партнери од најмалку 3 различни земји кои учествуваат во програмата „Креативна Европа“, но се препорачува во конзорциумите да учествуваат повеќе организации од повеќе земји учеснички во програмата „Креативна Европа“. Тенденција на повикот е да се изврши што поголемо влијание низ целиот сектор.

Апликантите се повикани да воспостават прекугранична соработка во медиумскиот сектор. Предлог-проектите треба да се развиваат во насока на градење и развој на подобри модели за приходи и монетизација, нови пристапи за развој на публика, градење заедница и маркетинг, развој на заеднички професионални/технички стандарди, нови типови редакции, синдикални мрежи или други модели за размена на содржини/податоци меѓу информативните медиуми низ ЕУ или да обезбедат помош за малите медиумски организации.

Од аспект на содржината, предлог-проектите треба да се насочени кон јакнење на ефикасноста и квалитетот на известувањето преку иновативна новинарска соработка. Проектите може да експериментираат со нови иновативни методи и форми на продукција или да придонесат за висококвалитетни стандарди за медиумска продукција на други начини. Предлог-проектите може да се развиваат во насока на јакнење на размената на најдобри практики меѓу новинарите и оптимизирање на работниот тек за оние новинарски жанрови за кои се потребни повеќе време и ресурси. Конзорциумите може да се фокусираат на медиумски (пот)сектори, на пример: ТВ, радио, печатен медиум итн.) и/или новинарски жанр (на пример: новинарство за податоци, специјализирано новинарство итн.).

Предлог-проектите треба да вклучуваат активности што ќе придонесат за остварување на целите на конзорциумот, како на пример: настани, онлајн обуки и работилници за медиумски професионалци, програми за размена, шеми за менторство, мапирање на најдобрите практики, развој на технички стандарди во целиот сектор, развој на упатства и уредувачки стандарди, производство на практични упатства, развој и тестирање на платформи и технички решенија за размена на идеи и најдобри практики, промотивни активности или други активности кои имаат цел да ја поддржат одржливоста на даден/и сектор/и. Се охрабрува споделувањето на најдобрите практики меѓу операторите и се охрабрува поддршката за медиумските сектори на кои им недостигаат средства за приспособување кон дигиталната средина.

Поднесување на апликациите

Апликантите треба да ги поднесат своите предлог-проекти најдоцна до 14 февруари 2024 година (17 часот по средноевропско време).

Апликациите се поднесуваат електронски преку „Funding and Tenders Oportunity Portal“ на Европската комисија каде што може да ги најдете официјалните документи на ЕУ за повикот:

https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/opportunities/topic-details/crea-cross-2024-jourpart-collaborations?frameworkProgramme=43251814&callIdentifier=CREA-CROSS-2024-JOURPART

Наедно ве известуваме дека Европската комисија и Извршната агенција за образование и култура (EACEA) на 6 декември 2023 година ќе одржат информативна сесија за повикот. За учество на сесијата може да се регистрирате на следниов линк:

https://digital-strategy.ec.europa.eu/en/events/online-info-session-journalism-partnerships-call-proposals-2024

  • Повик за новинарски партнерства – плурализам (CREA-CROSS-2024-JOURPART-PLURALISM)

Во рамките на „Меѓусекторската програмска линија“ на програмата „Креативна Европа 2021 – 2024“, Европската комисија го објави „Повикот за новинарски партнерства – плурализам“ за 2024 година, со краен рок за поднесување на предлог-проектите до 14 февруари 2024 година (17:00 часот по средноевропско време).

Европската Унија ги повикува организациите/посредниците да воспостават посебни шеми за финансирање во областите на информативните медиуми кои се од особено значење за развој на демократијата (како што се: локалните/националните/регионалните медиуми, независното и истражувачкото новинарство и вестите од јавен интерес кои ја зголемуваат транспарентноста во медимите).

Заинтересираните апликанти се поканети да постават и да имплементираат шеми за финансирање во секторите на информативните медиуми кои се релевантни за развојот на демократијата и граѓанското учество, односно оние што ќе придонесат за јакнење на демократијата, обликување на јавната дебата, односно оние од кои придобивки ќе имаат публиката и заедницата.  

Предлог-проектите треба да опфатат најмалку 4 земји од Европската Унија и да се фокусираат на областите со слаба понуда на вести и/или медиумски пазари каде што е видлив недостигот на плурализам.

Повикот е наменет за субјектите како: здруженија во областа на медиумите, невладини организации, непрофитни организации, граѓански организации, јавни власти, меѓународни организации, универзитети, истражувачки центри, новинарски фондови и организации за обуки на професионалците од релавантната област, профитни субјекти, фондации итн. Предлозите може да се поднесат или од поединечни апликанти или од конзорциум.

Квалификувани активности  

Поставувањето финансиска шема за поддршка на други медиумски организации е задолжително. Односно ќе се поддржат активности кои придонесуваат за трансформација во конкретни области од медиумскиот сектор, и тоа: иновативност во уредувачката продукција (на пример: формати, содржина), покривање вести и модели на приходи, подобрување на дистрибуцијата и ширењето на вестите, развој и ангажман на публика и стратегии за градење заедница, развој на технички алатки и обуки кои се однесуваат на наведените теми. Апликантите може да предложат и придружни активности, како: развој на стандарди, индикатори, правни совети, обуки и др.

Поднесување на апликациите

Апликантите треба да ги поднесат своите предлог-проекти најдоцна до 14 февруари 2024 година (17 часот по средноевропско време).

Апликациите се поднесуваат електронски преку „Funding and Tenders Oportunity Portal“ на Европската комисија каде што може да ги најдете официјалните документи на ЕУ за повикот:

https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/opportunities/topic-details/crea-cross-2024-jourpart-pluralism?frameworkProgramme=43251814&callIdentifier=CREA-CROSS-2024-JOURPART

Наедно ве известуваме дека Европската комисија и Извршната агенција за образование и култура (EACEA) на 6 декември 2023 година ќе одржат информативна сесија за повикот. За учество на сесијата може да се регистрирате на следниов линк:  

https://digital-strategy.ec.europa.eu/en/events/online-info-session-journalism-partnerships-call-proposals-2024

  • Повик за медиумска писменост 2024 (CREA-CROSS-2024-MEDIALITERACY)

Поддршката за медиумска писменост се спроведува во рамките на „Меѓусекторската потпрограмска линија“ на програмата „Креативна Европа“. Специфични цели на оваа програмска линија се јакнењето на разновидната, независната, слободната и плуралистичка медиумска средина, квалитетното новинарство и медиумската писменост, преку кои се негуваат слободата и уметничкото изразување, меѓукултурниот дијалог и социјалната инклузија.

Цел на повикот

Целта на повикот е да се обезбеди можност за граѓаните да развијат критичко размислување и компетенции при користењето на медиумите. Медиумската писменост е моќен инструмент за намалување на влијанието од дезинформациите. Во оваа насока, преку поддршката на медиумската писменост, Европската Унија сака да ја поттикне размената на знаења, политики и практики од оваа конкретна област.

Квалификувани активности

Активностите што ќе бидат поддржани во рамките на овој повик се однесуваат на проекти за соработка со јасно дефинирани цели кои ќе придонесат за унапредување на одредени области на медиумската писменост. Проектите треба да содржат најмалку две од следниве области на активности:

  • Споделување на најдобрите практики од иновативни проекти за медиумска писменост кои го земаат предвид променливиот медиумски екосистем, особено надминувањето на културните, националните или јазичните граници, со цел да се поттикне и да се зајакне соработката меѓу различни региони во Европа.
  • Развој на иновативни, интерактивни онлајн алатки кои ќе обезбедат решенија за постојните и за идните предизвици во онлајн опкружувањето, вклучително и дезинформации.
  • Развој на материјали и алатки кои ќе им помогнат на граѓаните да развијат критички пристап кон медиумите и да препознаат дезинформации и соодветно да реагираат на нив.
  • Развој на практики за медиумска писменост приспособени кон променливото медиумско опкружување, кое вклучува манипулативни техники и медиумска продукција базирана на вештачка интелигенција.

Сите предлози на проекти треба да ги земат предвид ангажманот и вклученоста на граѓаните, односно културата на учество како основен аспект на нивниот предлог-проект.

Квалификувани активности за Повикот за медиумска писменост за 2024 година:

  • Креирање и/или дистрибуција на повеќејазичен и/или мултикултурен материјал кој вклучува интерактивна содржина за подобрување на дигиталните капацитети на граѓаните, нивното разбирање на медиумскиот пејзаж и нивната отпорност на дезинформации.
  • Изработка на материјали за граѓаните и за обучувачите кои се однесуваат на сите или на која било возрасна и социјална групи.
  • Развој на иновативни решенија за медиумската писменост кои соодветствуваат на идниот медиумски пејзаж (проектот може да вклучува прототипови, но може да не се фокусира исклучиво на развој на ИТ).
  • Обуки за граѓани и едукатори, вклучително и размена на најдобри практики кои ги преминуваат јазичните, националните и културните граници.
  • Организирање јавни настани и/или работилници за подигнување на свеста и размена на најдобри практики.
  • Активности предводени од заедницата за да се приспособат и да се направат достапни горенаведените алатки и материјали.

Квалификувани апликанти

Правни лица (приватни или јавни) кои работат и се регистрирани во земјите учеснички во програмата „Креативна Европа“. Партнерскиот конзорциум мора да биде составен од минимум 3 партнери со правно седиште во 3 различни земји кои учествуваат во Програмата. Партнерските конзорциуми може да вклучуваат профитни и непрофитни организации, јавни (национални, регионални и локални) институции, меѓународни организации, универзитети и образовни институции, медиумски организации, истражувачки и технички институции, даватели на технички услуги со експертиза за медиумска писменост и дигитални медиуми.

За овој повик се обезбедени 2 000 000 евра од програмата „Креативна Европа“. Максималниот износ на поддршка е 500 000 евра по проект, а  кофинансирањето на ЕУ е до 70 %. Времетраењето на проектите е до 24 месеци.

Поднесување на апликациите

Апликантите треба да ги поднесат своите предлог-проекти најдоцна до 7 март 2024 година (17 часот по средноевропско време).  

Апликациите се поднесуваат елетронски преку „Funding and Tenders Oportunity Portal“ на Европската комисија каде што може да ги најдете официјалните документи на ЕУ за повикот:

https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/opportunities/topic-details/crea-cross-2024-medialiteracy?closed=false&programmePeriod=2021%20-%202027&frameworkProgramme=43251814&pageNumber=2

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе