Во Прилеп по тринаесетти пат се одржува Семинарот за изучување на народните инструменти и песни. Семинарот е во рамките на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ и е своевидна најава за неговото 49-то издание што ќе се одржува на 30 јуни и на 1 јули во Прилеп и на Рудина, Долнени.
На Семинарот учествуваат 10-ина млади, ученици од средното музичко-балетско училиште „Илија Николовски-Луј“ од Скопје, кои ќе се стекнат со теоретска и практична настава. Ќе ги изучуваат изворното пеење и народните инструменти од еминентните предавачи: проф. д-р Родна Величковска и д-р Стојанче Костов од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, проф. д-р Горанчо Ангелов од музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и м-р Горан Василески.
На Фестивалот ќе учествуваат околу 300 изведувачи на народни инструменти и песни од сите краишта на Македонија, а се најавени и гости од Србија.