Во ликовната галерија во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер (15 јули) во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Случајни средби“ од Дијана Томиќ-Радевска.
Дијана Томиќ-Радевска (1961, Скопје) е мултимедијална уметница и дизајнерка. Работи на графика, цртеж, сликарство, арт-инсталација, арт-видео и дизајнер.
Дипломирала во 1984 година на Одделот за графика и графички дизајн на ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1985 година. Реализирала многубројни групни и самостојни изложби и студиски престои.