Во Охрид денеска и утре (27 и 28 април), во организација на Библиотекарското здружение на Македонија, се одржува Третата меѓународна конференција на библиотекарите „Библиотеките како ризница на движното културно наследство“.
Како што информираат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, во чии простории се одржува Конференцијата, директорот на оваа установа, Милчо Јованоски, ќе има поздравно обраќање до учесниците. Оттаму појаснуваат дека Конференцијата е ретка можност за стекнување искуства и сознанија за новите светски трендови во библиотекарството.