Во НОБ на 21 февруари изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди

од admin_kult

На 21 февруари со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“, работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. 

Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија). Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе