Во Културно-информативниот центар во Загреб проекција на македонски кратки филмови

од admin_kult

Во Културно-информативниот центар во Загреб, Хрватска, денеска (1 јуни) во 19 часот ќе се одржи проекција на македонски кратки филмови (четири играни и еден документарен) во режија на млади филмски режисерки од Република Северна Македонија.

Филмовите, кои се снимени во периодот од 2015 до 2021 година, беа прикажани на различни светски фестивали, а филмот „Северен пол“ на Марија Апчевска беше вклучен во официјалната селекција на кратки играни филмови на Канскиот филмски фестивал во 2021 година.

„Социо-културниот моментум што овие млади режисери го отвораат во своите филмови ги прави храбри филмаџии и општествено одговорни филмски професионалци. Со своите кратки филмови отворија теми кои се длабоко интимни и содржат биографски елементи. Овие дела, покрај карактеристичниот критички поглед во визуелната архитектонско-сценска презентација, имаат и енергија на позитивна, оптимистичка линија на дејствување“, информираат од КИЦ – Загреб, која е јавна културна установа основана во 1965 година од страна на Градското собрание на Загреб.

Учесници на настанот се: Гена Теодосиевска, програмски селектор и филмски критичар; Роберт Насков, телевизиски и филмски продуцент, сопственик на „КИНООКО“; Ана Јакимска и Сандра Ѓорѓијева, сценаристки и режисерки; Наталија Поповска, директорка на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб.

Филмовите се со превод на хрватски јазик, а влезот е бесплатен.

Прикажувањето на овие кратки македонски филмови се реализира во соработка со Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб.

Повеќе информации за распоредот на филмовите се достапни на веб-страницата на КИЦ – Загреб: https://kic.hr/program/kino/mlade-i-odvazne-makedonski-kratki-filmovi/

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе