Во КИЦ отворање на изложбите „МиниАРТура“ и „Мал формат“

од admin_kult

Во Културно-информативниот центар вечерва (7 декември) во 20:00 часот ќе бидат отворени изложбите „МиниАРТура“ и „Мал формат“.

Од Друштвото на ликовни уметници на Македонија информираат дека, за изложбата „МиниАРТура“, по тринаесетти пат ќе се додели наградата „Златна четка“, која оваа година ја доби Христина Зафировска. Од ДЛУМ додаваат дека за изложбата „Мал формат“ од страна на Друштвото ќе се додели една награда за мал формат, оваа година на авторот Ана Темкова.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе