Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб, Хрватска, вечер (13 април) ќе настапи реномираниот италијански пијанист Антонио ди Кристофано. На програмата се дела од Шуман, Брамс, Шопен, Рахманинов.
Антонио ди Кристофано дипломирал во 1986 година на Конзерваториумот во Фиренца. Настапувал на рецитали и со оркестри во престижни музички установи во Италија и во странство. По успешното дебитирање во Њујорк, со многу позитивни реакции и од публиката и од критиката, настапил во концертната сала „Карнеги хол“ со Симфонискиот оркестар „Нова Англија“.
Редовно добива покани да биде дел од жири-комисиите на меѓународните натпревари по пијано, а е професор гостин на Конзерваториумот во Кина и професор на Летната академија во Виена.