Во Битола премиера на „ТРИ“ – театарска претстава на знаковен јазик

од admin_kult

Битолски актери вечер во НУ Центар за култура премиерно ќе ја изведат претставата за деца на знаковен јазик „Три“ чиј режисер е Јован Ристовски.

Станува збор за прв културен проект од ваков вид кој, освен во Битола, ќе биде претставен и во други седум градови низ државава.

Претставата „Три“ е инспирирана од легендата на Марко Цепенков за овчарот и трите самовили, а обременета со еколошките проблеми на денешницата. Претставата е наменета за широката детска публика, но истовремено и за деца кои се со оштетен слух, глувонеми или наглуви.

Во театарската претстава „Три“, актерите Маја Андоновска Илијевски, Анастазија Христовска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски комуницираат со публиката говорно и на знаковен јазик, а толкувач на знаковен јазик е Сузана Станоевска.

Театарскиот проект „Три“ на АТО-центар од Битола е поддржан од ГИЗ и од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе