Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, придружен од министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност.