Годинашното, трето издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“ ќе се одржи на 23 и 24 септември во Националната филхармонија.
На 23 септември ќе настапат „Спејс трио“ (Space Trio) од Бугарија и српскиот џез-состав „Ејот“ (Eyot) од Ниш. На втората фестивалска вечер, 24 септември, концерт ќе одржи бендот „Секстат“, кој ќе одбележи 30 години јубилеј од своето постоење како џез-формација.
Идејни творци на фестивалот „Крај Вардарот џез“ се џез-музичарот Владан Дробицки и музичарот и продуцент Мирко Попов.
„Крај Вардарот џез“ е меѓународен фестивал на современ џез, светска и етномузика, кој на домашната публика ѝ претставува квалитетни остварувања од реномирани автори, но и од млади, веќе наградувани и признaени таленти. Фестивалот се реализира со поддршка од Министерството за култура.