Велешкиот театар започна со редовниот репертоар

од admin_kult

Со изведбата на претставата „Сестрите Прозорови“ во режија на Васил Зафирчев, ансамблот на НУ ЦК „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот  синоќа,  по речиси седум месеци пауза, продолжи со редовниот репертоар кој беше прекинат поради состојбата со пандемијата на КОВИД-19.

Во претставата настапуваат актерите: Кети Борисова, Маја Љутков, Славица Манаскова-Митрова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаиловски. Инаку, оваа претстава со успех беше претставена на годинашното „Охридско лето“ и на Театарскиот фестивал „Ристо Шишков“.

Денеска, пак, на сцената на Народниот театар во Велес ќе биде изведена претставата „Синиот портокал“ во режија на Александар Ивановски, во која играат актерите: Жарко Спасовски, Фаик Мефаиловски и Самоил Стојановски.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе