Бугарското издание на поетската книга „Од истото тесто – стихови за смртта и надежта“ од Бранко Цветкоски на промоција во Софија

од admin_kult

Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија  вчера беше промовирано бугарското издание на поетската книга „Од истото тесто – стихови за смртта и надежта“ од Бранко Цветкоски, објавена од издавачката куќа „Захариј Стојанов“ од Софија и преведена од Роза Бојанова.

Од КИЦ на Северна Македонија во Софија соопштија дека на промоцијата  се обратиле издавачот Иван Гранитски, преведувачката и писателка Роза Бојанова, писателот Димитар Христов и авторот Бранко Цветкоски.

Бранко Цветкоски е македонски поет, литературен критичар, есеист, преведувач, публицист и издавач.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе