Битола – прв град на Балканот што ќе ги направи „видливи“ културно-историските споменици за слепите лица

од admin_kult

По повод Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, професор д-р Игор Неделковски, проректор за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, пред експертите на НУ Завод и музеј – Битола презентираше Методологија за изработка на 3Д-тактилни мапи и слики на културно-историски споменици.

Методологијата е развиена во соработка со м-р Јове Парговски, во консултација со д-р Ирена Ружин од НУ Завод и музеј – Битола и Весна Софрониевска од Сојузот на слепите – Битола, а се темели врз дигитализација на постојните културно-историски споменици кои потоа се печатат во 3Д-тактилни модели според Стандардот за тактилна графика објавен во 2010 од Брајовата асоцијација на Северна Америка (BANA).

Со овој проект, Битола ќе биде прв град на Балканот и меѓу првите во Европа што ќе ги направи „видливи“ своите најзначајни културно-историски споменици за слепите лица.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе