Бисера Костадиновска–Стојчевска: Антифашизмот е наш вечен порив, историјата не можеме да ја менуваме, но иднината можеме

од admin_kult

По повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Битола од фашистичкиот окупатор, министерката за култура, Бисера Костадиновскa-Стојчевска, положи свежо цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОАВМ во с. Лавци.

Исто така, заедно со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и претседателот на Сојузот на борци од Битола, Стефан Бошков, положи свежо цвеќе пред Споменикот на НОАВМ на плоштадот „Гоце Делчев” и пред споменикот на револуционерот Стеван Наумов-Стив.

,,Како министерка за култура и како внука на носител на Партизанска споменица, горда сум што оваа Влада не ги заборави и со почит ги ревитализира паметниците кои сведочат за македонскиот отпор. Еден од нив е и во херојско Лавци – Споменикот на паднатите борци. Антифашизмот во Битола и во Битолско е вечен порив и повик. Зашто: „Народ задоен со борбата за слобода никогаш не умира!“ – истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.

Во четиригодишната Народноослободителна и антифашистичка војна, околу 270 борци од Битола и Битолско ги дале своите животи за слободарска Битола. Во борбата за ослободување на Битола директно учествувал и дедото на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, Пецо Гудовски, носител на „Партизанска споменица 1941 година“.

Традиционално секоја година во Битола свечено се доделуваат и четвртоноемвриските награди, меѓу кои и наградата за животно дело, која годинава ја доби новинарот Димче Миновски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе