„Бесмртност“ – Филхармонија ќе свири класика овековечена на големото филмско платно

од admin_kult

Oркестарот на Филхармонијата в четврток (7 декември) од 20:00 часот ќе одржи концерт кој претставува возбудлива музичка одисеја во која класиката создава паралелна приказна на големото филмско платно.

Концертот има наслов „Бесмртност“, а ќе прозвучат дела од големите класични мајстори Маскањи, Моцарт, Бетовен, Мусоргски, Штраус, Барток, Вагнер овековечени во филмските ремек-дела на браќата Коен, Скорсезе, Форман, Кјубрик, Аронофски, Копола…

Диригент е местро Вања Ѓумар Николовски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе