Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“.
Во балетската претстава настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии, Ендру Кук.
Музиката во претставата е на Калиопи Букле, a кореографијата и режијата се на Олга Панго. Либретото и драматургијата се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедијата и дизајнот работеше Емил Петров, на дизајнот на светло – Милчо Александров, а на дизајнот на шминкa – Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова. Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ чиј сценограф е Валентин Светозарев.