Балетот „Есмералда“ од Чезаре Пуњи во НОБ

од admin_kult

Еден од бисерите на балетската уметност, „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе биде изведен на сцената на Националната опера и балет на 4 ноември 2023 г. со почеток во 20:00 часот. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од Виктор Иго, ќе биде  изведена под диригентската палка на Бисера Чадловска, а ќе ја пренесе реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин. Раскошната сценографија и костимографија се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, а концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината Марија Кичевска-Шокаровска, а во другите улоги ќе настапат: Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Ивана Коцевска, Ангела Богатинова, Мирослав Митрашиновиќ, Јан Кисилев.

Настапуваат балетските солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе