Активности на археолошкиот локалитет „Стоби“

од admin_kult

Летово археолошкиот локалитет „Стоби“ е голема работилница каде што се реализираат поголемиот дел од 17-те одобрени проекти од областа на заштитата на културното наследство, како и проекти од ликовната, музејската и  издавачката дејност. Покрај овие проекти кои се финансирани од Министерството за култура, има и три меѓународни проекти, а еден е заеднички со „Килкис“ од Грција, со средства од ЕУ, со кој локалитетот до крајот на следната година треба да добие музеј и место каде што посетителите ќе може да се одморат. Исто така, се  работи  и на јужниот бедем, единствен кој не е конзервиран досега, и на јужната порта.

Летово, по една година пауза поради корона-пандемијата и затворените граници, локалитетот е посетен од странски туристи, меѓу кои најмногубројни се посетителите од Србија, Италија и од Франција.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе