Стефоска и Маргарити го отворија Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана

од admin_kult

„Во овој прекрасен ден во Tирана, го отвораме нашиот трет културно-информативен центар на Балканот. Искуствата од центрите во Истанбул и во Софија ѝ даваат смисла на идејата за места што нè поврзуваат и нè врзуваат.

Впрочем, центрите за култура имаат голема и одговорна задача – да не дозволат да се отуѓиме едни од други кога имаме многубројни причини да бидеме едни со други. Зашто на културата, границите не ѝ се познати“, рече министерката за култура, Ирена Стефоска, која, заедно со албанската министерка за култура, Елва Маргарити, денеска и официјално го отвори Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Република Албанија.

Во своето поздравно обраќање, Стефоска додаде дека водени од европската идеја, силно ги артикулираме заедничките интереси кон целта – подобар живот за сите наши граѓани.

„И овој Културно-информативен центар е уште едно ново, убаво поглавје во односите меѓу Северна Македонија и пријателска Албанија“, рече Стефоска, која на директорот на Центарот, Златко Ориѓански, му порача портите на ова културно катче да бидат секогаш отворени за сите на кои македонската култура и уметност им се на срце.

Центарот се наоѓа во близина на Градскиот парк во Тирана, локација што овозможува видливост и можност за поголема посетеност на културните настани.

Отворањето на КИЦ во Тирана се реализира со поддршка од Министерството за култура, во соработка со Министерството за надворешни работи, односно  Амбасадата на Република Северна Македонија во Албанија, со што се потврдува дека меѓународната презентација е еден од приоритетите на културната политика на РСМ.

КИЦ ТИРАНА

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе