Самостојна изложба на Игор Станоески

од admin_kult

Во галеријата „КО-РА“ утревечер (30 ноември) во 19:00 часот ќе биде отворена самостојната изложба „КРИЗА 2“ на Игор Станоески. На оваа изложба, Станоески ќе се претстави со  14 дела работени во техника акрил на платно, настанати   во изминатите две години.

Уметникот Станоески објаснува дека станува збор за актови, инспирирани од микрокосмосот на човекот како  реакција на времето  во кое живееме. Изложбата  ќе ја отвори  историчарката на уметноста Рената Симоновска.

Игор Станоески  дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во класата на Жарко Башески. Првите интернационални референции ги добива во сферата на музиката и аудиовизуелните проекти, меѓутоа подоцна акцентот на неговото творештво се доближува кон традиционалните ликовни медиуми, како сликарството и вајарството, низ повеќе самостојни и групни изложби во земјава и надвор. Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе