Промоција на најновиот роман на Фросина Пармаковска

од admin_kult

Вечерва со почеток од 20 часот во МКЦ ќе се одржи промоција на четвртиот роман на Фросина Пармаковска насловен „На враќање“. Промотори на романот кој е во издание на издавачката куќа „Или Или“ се Октај Ахмед и Душко Крстевски.

Фросина Пармаковска е родена во Скопје во 1985 година. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии, тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“.

Има објавувано раскази во книжевни списанија, а во 2013 г. го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“ (Култура). Нејзиниот втор роман, „Вишнова хроника“ (2014, Или-Или) влезе во финале за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“. Преведен е на бугарски и на украински јазик. „Одбројување“ е нејзин трет роман, за кој ја доби наградата Роман на годината за 2017 година. Имала бројни претставувања на домашни и меѓународни настани во повеќе земји.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе