Во Kултурно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија денеска (7 јуни) во 18:30 часот ќе се одржи промоција на книгите „Манастир Фуентерабија“ и „Вилино“ во присуство на авторките Јагода Михајловска-Георгиева и Винка Саздова. Книгите се во издание на издавачката куќа „Персеј“ од Софија.
Јагода Михајловска-Георгиева е носител на неколку значајни награди, меѓу кои и на „Роман на годината“ за „Индиговиот Бомбај“, „Рациновото признание“ за „Каменот на твојот ден“ и „Стале Попов“ за „Манастир Фуентарабија“. Овие три романи се преведени на бугарски јазик.
Винка Саздова завршила психологија, работела како новинар и издавач. Во 1999 година го основа Издавачкиот центар „ТРИ“. Има објавено пет романи, од кои на бугарски јазик се издадени „Последниот чај“ и „Вилино“.