Хусни Исмаили,

министер за култура

Биографија:

Хусни  Исмаили роден е 1963  година во Тетово, каде завршил основно и средно училиште. Завршил Медицински факултет во (1988 г.) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје каде што и специјализирал.

Исмаили е магистер по медицински науки во областа на ревматологија, а постдипломски студии завршил во Тузла, Босна и Херцеговина. Хусни Исмаили е Доктор по медицински науки.

Работел како професор во средното медицинско училиште во Тетово, бил и матичен и лекар специалист во Тетово, а бил и доцент на Медицинскиот факултет при Тетовскиот универзитет.

Во деведестите години бил уредник на книги, организатор на првиот Саем на книгата на приватните албански издавачки куќи, уредник на радио драми, а уредувал и радио емисии од областа на културата. Исмаили е уредник и раководител на многу документарни телевизиски емисии на албански јазик и еден од основачите на издавачката куќа „Логос А“.  Учесник е во бројни активности од областа на културата во РСМ.

Хусни Исмаили е автор на повеќе стручни и научни трудови од областа на медицината, а учествувал и на повеќе меѓународни и регионални конференции.

Активно се служи со албанскиот, македонскиот, турскиот, босанскиот и англискиот јазик.

Владимир Лазовски
(заменик-министер за култура на Република Северна Македонија)

Роден е на 18 јули 1965 во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1989 година, оддел за актерство. Веќе 24 години работи како актер во Театарот за деца и младинци, во Македонскиот народен театар и на други приватни театарски проекти. Тој е прв професионален актер вработен во Театарот за деца и младинци, со целосен ангажман за едуцирање и создавање театарска публика од најрана возраст.
Досега имал педесетина улоги на репертоарот на Театарот за драмски уметности. Добитник е на 5 меѓународни награди за актерско остварување и една специјална награда за куклена анимација, меѓу кои: Награда за најдобро актерско остварување за улога во претставата „Крале Марко“ на Меѓународниот фестивал на театри за деца – Суботица, СР Југославија (1999), Награда за најдобро актерско остварување за улога во претставата „Лакомата Меца“ на Меѓународен куклен фестивал на мали форми – Крагуевац, СР Југославија (2001), Награда за најдобро актерско остварување за претставата „Попот и неговиот слуга Будал“ на Меѓународниот куклен фестивал  „Златна искра“ во Крагуевац, Р Србија, (2007), со која добива награда за најдобро актерско остварување и на Которскиот фестивал на театри за деца – Котор, Р  Црна Гора (2007), а добитник е и на Специјална диплома за куклена анимација „Папагалчето Рики“ на Меѓународниот куклен фестивал  „Златна искра“ во Крагуевац, Р Србија, и Црна Гора (2004).
Бил советник на главниот менаџер во врска со репертоарската политика, изготвување на годишните програми на театарот и водење статистика за целокупното работење на театарот. Во неговото работно искуство се вбројува и синдикалната функција претседател на СОНК при Театарот за деца и младинци, а работел и како професор по предметот Драма на Американ скул Македонија – Скопје. Специјализиран е за улоги во детски претстави, особено за водење кукли, а има и долгогодишно искуство во позајмување на гласот за синхронизирање на телевизиски и радиореклами, како и за долгометражни филмови и кратки серии.

Валмир Азири

(државен секретар во Министерството за култура на Република Северна Македонија)

Роден е во 1977 година во Тетово. Дипломирал на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, на отсекот графички дизајн. Долго време бил член на Здружението на ликовни уметници, има реализирано самостојни изложби а учествувал и на многу групни изложби и ликовни колонии.
Досегашни поважни активности, дела и функции:
2005 г. е нaзначен за портпарол на Општина Тетово
2008 г. е именуван за директор на Уметничката галерија Тетово
2008 г . автор на самостојната изложба „Рефлексија”
2011 г. е назначен за директор на Театарот во Тетово
2016 г. самостојна изложба „Во почетокот беше зборот”
Активно ги користи албанскиот, македонскиот и англискиот јазик.

Внатрешна организација на Министерството за култура – сектори

КАБИНЕТ НА МИНИСТЕРОТ

 

ДРЖАВНИ СОВЕТНИЦИ
Сектор за следење, развој и логистичка поддршка

1.1.         Одделение за логистичка поддршка

1.2.         Одделение за државни награди

Сектор за дејности од областа на културата и уметноста

2.1.         Одделение за драмска и филмска дејност

2.2.        Одделение за центри на културата, фолклор и музичко-сценска дејност

2.3.        Одделение за визуелни уметности, архитектура и дизајн

2.4.       Одделение за креативни индустрии и интердисциплинарни проекти

Сектор за издавачка дејност (Сектор за книга)

3.1.         Одделение за литература и издавачката дејност

3.2.         Одделение за стратешко планирање, развој, анализи, истражување и унапредување на издавачката дејност во Република Северна Македонија

Сектор за заштита на културното наследство

4.1.         Одделение за библиотечна дејност

4.2.         Одделение за музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство

4.3.         Одделение за недвижно културно наследство и заштита на аудиовизуелни добра

Сектор за меѓународна соработка и соработка со УНЕСКО на Република Северна Македонија

5.1.         Одделение за билатерална соработка

5.2.         Одделение за мултилатерална соработка и соработка со УНЕСКО на Република Северна Македонија

5.3          Одделение за координација на културната соработка со Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа (16+1)

Сектор за европски интеграции

6.1.         Одделение за Креативна Европа на ЕУ – потпрограма Култура

6.2.         Одделение за координирање на ИПА проекти и друг вид странска помош

Сектор за финансиски прашања

7.1.         Одделение за буџетска координација

7.2.         Одделение за буџетска контрола

7.3.         Одделение за сметководство и плаќања

Сектор за општи работи

8.1.         Одделение за административно-имотни и архивски работи

8.2.         Одделение за информатика

Сектор за јавни набавки

9.1.         Одделение за спроведување на јавни набавки

9.2.         Одделение за следење и реализација на доделени договори за јавни набавки

Сектор за инвестициони работи

10.1.       Одделение за следење и реализација на инвестициони објекти

10.2.       Одделение за инвестиции и осигурување

Сектор за нормативно-управни работи и за авторското право и сродните права

11.1.       Одделение за нормативни работи

11.2.       Одделение за управни работи

11.3.       Одделение за авторското право и сродните права

Сектор за управен и инспекциски надзор

12.1.       Одделение за инспекциски надзор

12.2.       Одделение за управен надзор и надзор над наменско користење на буџетски средства

Одделение за внатрешна ревизија
Одделение за стратешко планирање, креирање политики и следење
Одделение за управување со човечки ресурси
Управа за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија

16.1.       Одделение за поттикнување и унапредување на соработката со соседните и европските земји, за меѓународната техничка помош, наменета за негување и унапредување на културниот идентитет на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија и за поддршка на кабинетот на директорот

16.2.       Одделение за афирмирање, унапредување и објавување на културното творештво и за грижа, негување и презентирање на културното наследство на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија

Документи

Комисија за пристап до информации од јавен карактер www.komspi.mk

Образец за Барање за пристап до информации од јавен карактер-pdf формат

Образец за Барање за пристап до информации од јавен карактер-word формат

Драгана Ќурчиоска

d.kurcioska@kultura.gov.mk

тел. 02 3207-430

Регистар со податоци и адреси од установите

Музеи, библиотеки, театри, културни центри, галерии, домови на културата , културно-уметнички (фолклорни) друштва, објекти заштитени како културно наследство и археолошки наоѓалишта.

НАЦИОНАЛНИ УСТАНОВИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА

УСТАНОВИ ВО КОИ СЕ ОДВИВА ТЕАТАРСКА ДЕЈНОСТ

РЕГИСТАР СО АДРЕСИ ОД ЛОКАЛНИ УСТАНОВИ И ФОЛКЛОРНИ ЗДРУЖЕНИЈА

Национален регистар на објекти кои се заштитено културно наследство 31122012

Регистар на лекторски лиценци