Согласно со член 8-а од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на Република Севeрна Македонија“ бр. 52/06, 54/07, 74/12 , 99/18 и 98/19), со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
Во една година може да се доделат најмногу до две награди.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 10 декември – Меѓународен ден на човековите права
Државната награда за прв пат е доделена во 2021 година.