Затворен 50. Републички фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови“

од admin_kult

Во Пациото на Завод и Музеј во Битола, синоќа свечено беше затворен 50. Републички фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови“, онака како и започна со почитување на сите протоколи пропишани за оджување на ваков вид настани.

Свечено затворање на 50-тото јубилејно издание на фестивалот Илинденски денови, започна со обраќање заменик министерот во Министерството за култура Владимир Лазовски кој рече:

Фестивалот „Илинденски денови“ е чувар на фолклорната традиција на нашата држава, но оваа манифестација е и чувар на светското фолклорно наследство, мост кој е изграден со врвен професионализам и искрена љубов кон народното творештво.

Песната и играта на сите етнички заедници се поврзани со сите традиции на народите во светот. Битола повторно покажа дека има знаење, посветеност, чувство за глобалните текови… па така и во овие вонредни услови успеа да го сочува континуитетот на нешто што е најважно за секоја нација, а тоа е одржување на традицијата.

-Нека звуците од оваа завршна вечер на 50 годишното издание на фестивалот Илинденски Денови нè држат живи до следното физичко присуство на нашите пријатели ширум светот, порача градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, на затворањето на Фестивалот.

Директорката на Центрот за култура од Битола, Маја Андоновска  – Илиевски на затворањето на Фестивалот и по повод 50 годишниот јубилеј на најзаслужните за одржување на годинашниот фестивал и за придонес кон опстојувањето и подигање на квалитетот додели посебни признанија и благодарници.

Јубилејното издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни заврши со концерт „Од душата на традицијата“ на кој настапија кларинетистот Благојче Трајковски, вокалот Елена Андоновска и групата „Фонтана“ со пријателите.Покрај Благојче и Елена настапија и група „Фонтана“ и пријателите Тимко Чичаковски – канон, Ратко Даутовски – перкусии и Игор Милевски – виолина.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе