Во согласност со членот 70 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија” бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), националните установи во jуни во тековната година за наредната година доставуваат до Министерството за култура нацрт-годишна програма за работа на установата.
Во нацрт-годишната програма се изразени средствата потребни за: програмски активности и оперативни трошоци на установата; плати и други надоместоци за вработените и за надворешните соработници кои ќе се ангажираат за остварување на програмата; материјални трошоци и трошоци за инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема за установата.
Нацрт-годишната програма содржи проекти со спецификација на трошоците по намени и активности.
Образецот за нацрт-годишната програма и обрасците за поединечните проекти по одделни дејности треба да се преземат од веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk), да се пополнат електронски со впишување податоци на означеното место и да се заверат со печат на установата и со потпис на овластеното лице. За секој поединечен проект се пополнува посебен образец од соодветната дејност.
Кон пополнетите обрасци, задолжително треба да се приложат бараните документи што се наведени во секој поединечен образец од соодветната дејност.
Со обрасците може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектите за кои установата цени дека е потребно да ги достави. Документите/ материјалите доставени со обрасците не се враќаат.
За сите дополнителни информации во врска со обрасците може да се обратите до Министерството за култура, до соодветното одделение.
Укажуваме дека нема да бидат разгледувани нецелосно пополнети и некомплетни обрасци – без приложени документи.
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА
Обрасци за нацрт – годишната програма на националните установи за 2021 година
Обрасци за проекти од областа на визуелните уметности архитектура и дизајнот
Обрасци за проекти од областа на драмската дејност – аматеризам
Обрасци за проекти од областа на манифестации и фестивали
Обрасци за проекти од областа на музичко – сценската дејност и фолклорот
Обрасци за проекти од областа на драмската дејност – продукција на професионална претстава
Обрасци за проекти од областа на меѓународна дејност
Обрасци за инвестиционо и техничко одржување на објектите и опремата во државна сопственост
Обрасци за проект од областа на заштитата на културното наследство национални установи
Обрасци за проект од областа на европските интеграгии
Обрасци за проект од електронското издаваштво