Со заштитни мерки против КОВИД 19 започнуваат со работа сфери во културата

од admin_kult

Владата на Република Северна Македонија врз основа на член 58 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), на седницата одржана на 30 јуни 2020 година, донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид 19.

Со Одлуката се усвоени и протоколи донесени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, за работа на библиотеки, музеи галерии и изложбени простори, танцови и балетски клубови, а може да се отпочне со активности и работа со организација на настани и манифестации на отворен простор, со задолжително почитување на Протоколот за начинот и условите за организација на настани од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Асоцијацијата на ивент индустријата.

Во прилог е Одлуката објавена во Службен весник, со поединечните протоколи. Оние кои се однесуваат за установите од културата се објавени од 8-11 страница на документот.

ОДЛУКА ЗА ПРОТОКОЛИ

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе