Актерите од Народниот театар од Охрид утре, 13 март, со почеток во 19 часот, премиерно ќе ја изведат претставата „Сирано“. Станува збор за комедија според текст од Душан Ковачевиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризевски.
Во претставата „Сирано“ играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодоровски, Филип Кипровски, Ивица Цонев, Павел Маслов и Биљана Билаловиќ-Вељаноска.
Премиерата на комедијата „Сирано“ ќе се изведе во согласност со безбедносните протоколи за заштита од пандемијата.