Во Даут-пашиниот амам денеска (29 септември), со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Правна заштита на македонското културно наследство (огледи за протекторската свест во постсоцијалистичкиот период)“ од Јован Ристов. Уредник на книгата е проф. д-р Даворин Трпески, а промотор м-р Александар Јорданоски.
Книгата е сублимат на дел од активностите на Јован Ристов во МНК „Син штит“, излагања и предавања што ги одржал во периодот од 2013 до 2018 година.
Јован Ристов (1949-2018) повеќе од четири децении активно работеше во доменот на споменичното, меѓународното, компаративното право, како и заштитата на културното наследство. Тој е основач и прв директор на Управата за заштита за културно наследство (2004 – 2006). Тој е и првиот претседател на Собранието на МНК „Син штит“ (2002 – 2005).