Презентација на Генералниот план за заштита на археолошкиот локалитет Стоби

од admin_kult

На 30 септември со почеток во 12:00 часот во винаријата „Стоби“, Градско, Националната установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби и Фондацијата „Балканско наследство“ (Бугарија) пред стручна јавност ќе го промовираат „Генералниот план за заштита на археолошкиот локалитет Стоби“ финансиран од Џ. М. Каплан фонд, филантропска организација од САД. Наедно, со овој настан двете институции ја одбележуваат единаесетгодишната успешна соработка.

Генералниот план за заштита на Стоби е стратегиски документ чија цел е да обезбеди насоки и препораки за подобра заштита и презентација на разновидното културно наследство на локалитетот, како и насоки за негов одржлив развој преку подобрување на менаџирањето и капацитетите на НУ Стоби за прибирање финансиски средства за оваа цел. Генералниот план за заштита на Стоби е единствен документ од ваков вид изработен за археолошки локалитет во нашата држава и одлична основа за креирање слични планови за другите археолошки локалитети.

Заради почитување на препораките и мерките за одржување јавни настани во услови на пандемија со КОВИД-19, настанот ќе се одржи со ограничен број поканети гости.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе