Македонската писателка Лидија Димковска ќе учествува на виртуелниот поетски настан „Глобална поетска серија“, што ќе се одржи в сабота (16 јануари) во култното „Њујоршко поетско кафуле“.
Читањето го организира Здружението на имигрантските и меѓународните уметници на Њујорк, а ќе настапат уште девет мигрантски поети кои живеат и творат во различни земји низ светот.
Димковска, заедно со германскиот поет Макс Чолек и рускиот поет Вјачеслав Купријанов, учествуваше и на фестивалот „Дихтерлох“, организиран од „Алте Шмиде“ од Виена, Австрија, што исто така се одржуваше во хибридна форма. Авторката по тој повод читаше песни од поетската збирка „Црно на бело“ која во препев на германски на Александер Зицмен излезе минатата година.