Во салонот на Националната опера и балет (НОБ) в четврток, 30 септември, премиерно ќе биде прикажана оперската претстава „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало.
Премиера на оваа претстава последен пат била изведена на 27 февруари 2001 година, а последната претстава, пак, се прикажувала на 10 април 2010 година.
Режисер на операта е Дејан Прошев, а со оркестарот ќе диригира Бисера Чадловска. Костимографот во претставата е Никола Булески, сценографијата е на Илина Ангеловска, а кореограф е Олга Панго.
Во претставата ќе учествуваат солистите: Ѓорѓи Цуцковски, Дешира Ахмети-Крлиу, Горан Начевски, Дејан Стоев и Ристе Велков. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата на КОВИД-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.