Oперата „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

од admin_kult

На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.

Изведбата на операта е под диригентската палка на украинската диригентка Оксана Мадараш, а во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстори се Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат Сандра Митровска, Зоран Сотиров, Ристе Велков, Катерина Стојановска и Марика Поповиќ во придружба на хорот и оркестарот од Националната опера и балет.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе