Согласно со член 7 од Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на Р.М.“ бр.52/06 и 54/07) со наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Во една година можат да се доделат најмногу до две награди.
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Конкурсот трае од 1 до 31 октомври.
Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 21 декември – денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин. Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за првпат е доделена во 1969 година.