Македонските писатели отец Пимен, Стефан Марковски и Владимир Мартиновски на третото издание на Меѓународниот фестивал за поезија „Орфеј“ во Пловдив

од admin_kult

Македонските писатели Отец Пимен, Стефан Марковски и Владимир Мартиновски ќе учествуваат на Меѓународниот фестивал за поезија „Орфеј – Пловдив 2020“, кој од 24 до  26 септември ќе се одржи во Малата ранохристијанска базилика во Пловдив .

Специјален гостин на овогодишното издание е Отец Пимен, митрополит на Европската епархија на Македонската Православна Црква, чиј прв роман „Излегов“, преведен на бугарски јазик и издаден од Фондацијата „Пловдив ЛИК“, кој е и организатор на фестивалот, ќе биде претставен  непосредно по официјалната церемонија  на отворање и читање.

Во в Малата ранохристијанска базилика, која претставува уникатно и историско место во Пловдив ќе бидат претставени и литературните дела на македонските автори Стефан Марковски и Владимир Мартиновски, а ќе може да се слушнат дела и на други јазици, меѓу кои: бугарски, српски, турски, англиски, унгарски, шпански и хебрејски.

Ова е второ учество на Северна Македонија на фестивалот на кој ќе се претстават уште 12 автори од 9 земји – Хрватска, Србија, Унгарија, Турција, Шпанија, Израел, САД, Северна Македонија и Бугарија.

Инаку минатата година македонските учесници – Никола Маџиров и Славица Гаџова Свидерска беа и наградени.

Повеќе информација за настаните и Фестивалот може да се најдат на www.orpheus-plovdiv.eu 

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе