Mинистерот за култура и туризам ќе го посети Лешочкиот манастир

од admin_kult

Денес во 11 часот,  министерот за култура и туризам ќе го посети Лешочкиот манастир, најголемиот духовен центар во Тетовско. Оваа важна посета ќе се одржи во присуство на Митрополит Тетовско-гостиварскo, владиката Јосиф и Вд.директорката на Националниот конзерваторски центар, Цветанка Хаџипецова, заедно со стручниот тим од оваа институција.

Министерот ќе се запознае со напредокот на проектот за конзервација, реставрација и ревитализација на Стариот конак, кој е интегрален дел од манастирскиот комплекс. Овој проект е од исклучителна важност не само за Министерството за култура и туризам, туку и за нашата држава.

Ве покануваме да присуствувате на овој значаен настан и да известите за напредокот на проектите кои го зајакнуваат културното наследство на нашата земја.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе